*Покровител на ТРИБИНАТА МО на РМ
*Организатор: ЗВРО на РМ
*коорганизатори:
*ЗАВ Кавадарци,
*Факултетот за Безбеност
*Здружение на дипломирани студенти на НАТО колеџ во Рим, и
*Центарот за Мир
подтеми:
*Организиран криминал
*Корупција
*Терористички закани
*Воведно излагање: генерал мајор (во пензија) Илија Николовски- пртседател на Здружението на ветерани и резервисти во одбраната на Република Македонија
Останати излагачи:
*генерал потполковник (во пензија) Митре Арсовски прв НГШ на АРМ
*генерал потполковник (во пензија) Борис Стојановски
* Останати излагачи:
*Професори од факултетот за Безбеднос
*Професори од ФОН универзитетот
* пензионирани професори политиколози и аналитилчари
*дополнителна подтема:
*Разбирање на застарените сваќања за поимот ВЕТЕРАН.
Со ова тема сакам да ги согледаме Безбедносните закани на Балканот и нивното влијание врз безбедноста на РМ, особено што РМ сеуште остана надвор од структурите на НАТО и ЕУ. Во таа насока сакаме да поттикнеме интерес какво влијание имаат економската и финансиската криза и транс националните организирани криминални мрежи, како дел од регионалната и општата колективна безбедност и одбрана и да се предложат мерки и активности за ублажување и доведување под контрола на тој феномен како придонес на РМ во Европските интеграции. При што сакаме на Владата да и дадеме силна подршка во спроведувањето на мерките и активностите за спрравување со со овие безбедносни закани.
После приемот на Романија и Бугарија во ЕУ и на Хрватска и Албанија во НАТО и изоставувањето на Р. Македонија надвор од структурите на НАТО, и неизвесноста околу решевањето на тој проблем, Западниот Балкан постана Енклава на територијата на Европа. Во една таква ситуација кога процесот на европеизација се одвива по принципот ,,тргни- застани,, Македонија е жртва на многу нерешени прашања што ја чини нивната безбедост посложена.
Тој безбедносен вакум го користат транснационалните криминални мрежи кои ги поврзуваат политичките, стопанските, воените и безбедносните номенклатури со нелегални групи кои ги надминуваат државните граници на Балканот. Затоа тие ја подржуваат меѓуетничката соработка за непречено одржување на нивните активности, но при подигање на етничките тензии тие се наметнуваат како гаранти на безбедноста на своите етнички групи (Земунскиот клан- легија, атентатот на Џинџиќ, убиствата во Хрватска итн.).
Во една таква ситуација сите држави на Балканот имаат потреба од регионална соработка, затоа што сите се соочени со традиционалните закани, како што се организираниот криминал, трговијата со оружје, наркотици и луѓе, како и нелегалната миграција.
КАко што е познато на Балканот се судират два геостратегиски концепта, за докрај нерешените две или можеби и три прашања- албанското и македонското, заедно со босанското. Тие се испреплетени, колку што се сложени и испреплетени односите на двете светски велесили, онаа манифестирана во во Вашингтон и онаа во Москва. Сведоци сме дека косово сеуште не е признаено од сите земји во регионот и ЕУ. Во тој контекст неодамна рускиот председател Медведев порача дека конечната разврска на албанското прашање води преку Белград. Додека вториот концепт вели дека влегувањето во европското семејство на РМ води преку Атина. Ситуацијата во Босна истотака, е многу сложена, а на тоа можеме да ги додадеме и тензиите на Бериша за неделивоста на албанската нација или единствениот албански културен простор. Во таа насока можеме да го додадеме и пропратниот дискус ,,за можната промена на границите во регионот`` би можеле да го дестабилизираат регионот и Македонија и створат нови безбедносни проблеми врзани за прашањето на суверенитетот, самоопределувањето и поделбите на држави. Во таа наскоа има голема потреба одрегионална соработка, која е недоволно развиена дури и во областите погодни за соработка како на пример прашањето за визниот режим. Фактот што некои балкански држави имаат строги визни режими за соседните држави јасно покажува дека соседните држави се доживуваат како извот на безбедносна закана.
Не помала закана за безбедноста се корупцијата и организираниот криминал. Не верувам дека има некој кој нема да се согласи дека корупцијата се трансформира во основна закана на националната безбедност. Со најголем коруптивен потенцијал се т.н. специјални општествени набавки кои опфаќаат нарачки за одбраната и безбедноста. Тоа седолжи како на големите финасиски ресурси на тие нарачки, така и на фактот што тие се реализираат во услови на нетраспарентност, испреплетеност на должностите и одговорностите, нерамноправноста на тендерите и нарушување на процедурите. При тоа под закрило на цивилната контрола и заштита на доверливи информации се опструираат наредните мерки.
На ваквата состојба, погодува политизацијата и партизацијата на безбедносните структури и опкружувањето на раководниот кадар од лојални и послушни, без оглед на нивната стручност и комплетност.Затоа ние обедионетите здруженија од војната 2001 година сметаме дека парламентарната контрола, односно Собранието треба да биде вклучено при одобрувањето на финансиски средства за големи набавки од милионски вредности за одбраната и безбедноста. Тие суми во Холандија се за набавки над 25 милиони евра, Полска 28 милиони еврља итн.
Во прилог на напред кажаното не може а да не се потенцира и дека една од најголемите закани за безбедноста во светот, ррегионот и Македонија е големата економска и финансиска криза чие влијание и удари се различни во оделни држави и региони. Така, различни се и ефектите врз безбедносата на одредени држави. Но, како сите земји едновремено не влегоа во кризата, исто така, тие нема заедно да излезат, а некои може и никогаш да не излезат. Според некои оценки економсакиот, финансискиот и социјалниот колапс е на пат да се трансформира во генератор на една огромна национална, регионална и глобална несигурност во следните години. Во врска со тоа безбедноста треба да се третира како комплекс на: воена, економска, политичка и еколошка безбедност на нашето опкружување.
И последно, како резултат на економската и финансиската криза паднаа владите на Исланд и Латвија, а се очекува да паќат и други. Во врска со овие кризи ММФ беше принуден да даде ургентен заем на: Украина, Унгарија, Србија, Романија и Турција.
На крајот само би кажал дека оваа влада на РМ имаше историска шанса да зададе одлучен удар на организираниот криминал, мито и корупција и истиот да го доведе во подносливи граници, но за жал не ги покажа очекуваните резултати.
No comments:
Post a Comment