Thursday, January 7, 2010

РАЗБИВАЊЕ НА ЗАСТАРЕНИТЕ СВАЌАЊА ЗА ПОИМОТ ВЕТЕРАН

дополнителна подтема:
Разбивање на застарените сваќања за поимот ВЕТЕРАН.

Оваа подтема намерно ја издвојувам од целината на теметскиот дел на ТРИБИНАТА а со цел да што подобро биде сватен поимот ВЕТЕРАН.


Разбивање на застарените сваќања за поимот ,,ВЕТЕРАН,,

Сакале или не, покрај другото цел на Трибините кои ги одржуваме низ целата наша држава е и да се разбие фамата за поимот ВЕТЕРАН, кој поим кај Нас се толкува со некое значење за нешто старо, нешто истрошено.
Напротив:
ВЕТЕРАН е секо оној кој во одредена област се има задржано подолго време независно од возраста- годините, а кој се стекнал со конкретно знаење од конкретната област.
Кај Нас, во милитаризмот или да бидам поконкретен во безбедносните структури па и во воените дејствија во 2001 година (согласно НАТО стандардите услов за ветеран или ветеран е секој оној кој најмалку 180 дена учествувал во воени дејствија во одбрана на татковината, а на повик од неа за да го брани Уставниот поредок, суверенитетот и интегритетот на татковината, или има учествувано во мирони мисии исто така најмалку 180 дена).
ВЕТЕРАН е секо кој ги исполнува погоре наведените услови независно од старосните години.
Значи, секој кој има помината најмалку 180 дена во воени дејствија или во мировни мисии е ВЕТЕРАН.
Значи: целта е со опсежна и континуирана самопожртвованост преку овие ТРИБИНИ организирани од тогаш повисоките команди на системот на РиК- от покрај безбедноста во државата, Балканот, Регионот и пошироко е и ПОЈАСНУВАЊЕ НА ЗНАЧЕЊЕТО НА ПОИМОТ ВЕТЕРАН............
Отворени сме за се и за сите кои ги интересираат одредени проблематики од оваа област, но и примаме предлози и сугестии.

No comments:

Post a Comment